Сестрата на Ким ѝ се закани на Јужна Кореја: Вие сте диво куче кое глода коска фрлена од САД

 

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска упати остри закани до Јужна Кореја дека размислува за еднострани санкции против Северна Кореја, нарекувајќи го новиот јужнокорејски претседател и неговата влада идиоти и „бесни кучиња што глодаат коски“ фрлени врз нив од САД.

Јужнокорејското Министерство за надворешни работи пред два дена соопшти дека ги разгледува дополнителните еднострани санкции против Северна Кореја поради неодамнешните ракетни тестови.

Министерството соопшти дека ќе ги разгледа и санкциите и мерките за задржување за наводните кибернапади на Северна Кореја, доколку Ким Џонг-ун изврши голема провокација, како што е нуклеарен тест.

„Се прашувам какви ‘санкции’ јужнокорејските власти, кои изгледаат како диво куче кое трча наоколу и глода коска фрлена од САД, дрско ќе ѝ наметнат на Северна Кореја? Каква спектакуларна глетка! изјави Ким Јо-јонг, а пренесе АП.

Сестрата на севернокорејскиот лидер ги нарече новиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол и претставниците на неговата администрација „идиоти кои создаваат опасна ситуација“.

Таа додаде дека Јужна Кореја „не беше наша цел“ додека нејзиниот поранешен претседател, кој бараше помирување со Северна Кореја, беше на власт, пренесе Индекс.хр.

24.11.2022 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа