Сериозна затворска казна му се заканува на лицето кое вчера вечерта, нешто пред полноќ упаднало во редакцијата на порталот Инфомакс.
Според законот, тој ќе се годни за напад врз службено лице бидејќи со законски измени, од неодамна, напад врз новинар се третира како напад врз службено лице.


Во таква ситуација, судот може да му одреди и затворска казна која може да стигне и до 3 години.
МВР информираше дека веќе има приведено едно 43 годишно лице против кое ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Од полицијата објаснија дека станува збор за лице кое се соочувало со здравствени проблеми поради кои било и хоспитализирано во психијатриската болница во Бардовци.
Нападот врз редакцијата на Инфомакс го осудија новинарските здруженија.

Exit mobile version