Во текот на изминатото деноноќие, противпожарните единици интервенирале на три локации низ државата поради пожари во кои, за среќа, нема повредени лица, но е предизвикана материјална штета.
- Струмица: Вчера вечерта, помеѓу 19:30 и 19:45 часот, избувнал пожар на паркиран џип „Ланд Ровер“ сопственост на Н.М.(51), на паркинг пред зграда на улицата „Браќа Миладинови“. Огнот се проширил и зафатил уште едно возило – „Форд“, сопственост на В.Т.(53). Пожарот бил брзо изгаснат, а полицијата и инспектор за пожари вршат увид за расчистување на причините.
- Скопје (Аеродром): Рано утринава во 04:37 часот бил пријавен пожар на автомобил „Опел“ со скопски таблички, сопственост на 48-годишниот Ѓ.А. Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала огнот, а известен е и јавен обвинител.
- Кочани: Ноќеска во 02:35 часот избувнал пожар во куќа на улицата „Гоце Делчев“. Во моментот на избувнувањето во куќата немало луѓе. Пожарот е локализиран од ТППЕ Кочани.

