Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Семејството се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен: Полицијата на нозе

    Семејството се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен: Полицијата на нозе

    06.03.2026 во 20:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Семејство од кумановско пријавило во полиција сомневање дека нивниот 60-годишен брат, кој починал на крајот на минатата година, не починал од природна смрт, туку можеби бил отруен. 

    Според информациите од СВР Куманово, на 5 март годинава во 14 часот, Д.Е. (50) од селото Довезенце пријавила дека на 31 декември 2025 година околу 22 часот била известена од една од нејзините сестри дека починал нивниот брат М.П. (60) во неговиот дом во селото Довезенце, каде што живеел со неговиот татко и партнерката А.Р. од селото Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане.

    Таа, заедно со уште една сестра и зет, веднаш отишле во домот и го затекнале братот починат на креветот.

    Како што е наведено во пријавата, на 31 декември околу 20:30 часот од телефонот на починатиот била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт, а неговата партнерка А.Р. била пренесена во болница откако ѝ се слошило.

    Пријавителката навела дека од Итната медицинска помош не било пријавено починато лице во СВР Куманово, а потврда за смрт не им била издадена  на на 31 декември 2025 година кога била констатирана смртта, туку наредниот ден – 1 јануари 2026 година, по нејзино инсистирање.

    Поради овие околности, таа изразила сомневање дека нејзиниот брат не починал од природна смрт, туку дека можеби бил отруен. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот

    Популарно

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“

    06.03.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.