Методија е татко на две малолетни деца и во моментов се соочува со најтешката битка во животот- соочен е со дијагноза рак на желудник.

Семејството бара помош во нивната заедничка борба да ја победат болеста.

„Што им кажуваш на децата кога тато се бори за живот?

Јас сè уште го барам одговорот…

Мојот сопруг Методија, татко на нашите две деца од 10 и 14 години, се соочи со дијагноза која ни го смени животот преку ноќ – рак на желудник. Веста дојде ненадејно и нè остави без здив, без време за подготовка, само со еден страв – дали ќе успееме.

Методија започнува со хемотерапии, со надеж дека болеста ќе се забави и дека ќе се создаде можност за хируршки зафат. Болеста е агресивна и бара напреден третман, а трошоците секојдневно растат. И покрај сè, тој покажува сила и храброст каква што не сум видела досега – заради децата, заради нас.

Како семејство правиме сè што можеме, но оваа борба е и емоционално и финансиски премногу тешка за нас сами. Затоа се обраќам до вас – со надеж, но и со искреност.Ве молам, помогнете ни колку што можете. Секоја донација, секое споделување и секоја молитва значат многу за нас и ни даваат сила да продолжиме. Од срце ви благодарам на сите што ќе застанат покрај Методија и нашето семејство во овој тежок период“, се наведува во апелот.

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:

Банка:Allianz Bank

IBAN:BG09BUIN95611000739744

BIC:BUINBGSF

Примател: Foundation Pavel Andreev

Цел на дознака: Metodija Zvrcinov

Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

Exit mobile version