Семејно насилство во Тетовско: 35-годишен маж си ја истепал сопругата

 

 

Ноќеска, половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 35-годишниот Л. З. од тетовско село.

Tој претходно бил пријавен дека околу 23 часот физички ја нападнал својата 28-годишна сопруга.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок, соопшти полицијата.

12.09.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега