Завчера во 02:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 01:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа му го опожарил неговото патничко возило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Exit mobile version