Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека денеска е извршена голема исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. На сметките на над 1.600 земјоделци легнаа вкупно 263.843.864 денари за мерки од растителното и сточарското производство.

Најголем дел од средствата се насочени кон градинарите и овоштарите кои го предале своето производство во преработувачките капацитети.

Детален преглед на исплатите по мерки:

  • Градинарство: 136,4 милиони денари за предадени култури во преработувачки капацитети (276 корисници);
  • Пчеларство: 21,4 милиони денари за регистрирано презимено пчелно семејство (1.021 корисник);
  • Лозов и овошен саден материјал: 40,3 милиони денари (8 корисници);
  • Семенски материјал: Над 48 милиони денари за сертифициран и основен семенски материјал;
  • Овоштарство: 17 милиони денари за предадено овошје кај преработувачи (354 корисници).

Од Министерството потенцираат дека поддршката за домашното производство останува приоритет, со посебен акцент на зголемување на капацитетите на преработувачката индустрија.

Exit mobile version