Семејна драма ги потресе загрепчани - си го убил брат му па скокнал од зграда

Семејна драма денеска го потресе Загреб. Тела на двајца мажи биле пронајдени околу 15 часот во загрепската населба Савица.

Полицијата соопшти дека Мирослав Г. Го убил својот брат, а потоа си пресудил самиот на себе и скокнал од прозорец во нивната зграда.

-Дојавата ја добивме во 15 часот, по што полицијата излезе на лице место и пронајде тела на двајца мажи. Истрагата започна околу 17 часот и се уште трае- изјавија за Индекс.хр од полицијата во Загреб

Хрватските медиуми пишуваат дека Мирослав пред шест години ја убил и нивната мајка.

Тој во 2014 година бил осуден на шест години затвор, а оттаму излегол пред една година.

Брат му бил негов старател оти бил прогласен за непресметлив, па судот донел одлука Мирослав да се врати и да живее со својот брат во станот во кој ја убил својата мајка.

Во февруари 2014 година, Мирослав Г. ја избодел мајка си шест пати во грбот и уште најмалку десет пати со кујнски нож ја исекол по градите. Потоа ја оставил својата мајка во локва крв, со карирано ќебе и ја покрил главата, а дел од телото со јакна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега