Close Menu
Press24
    Најново

    Љутков во Кичево по изборот за Град на културата 2026

    25.02.2026 во 08:31

    ДУИ за случајот со Груби: Судот и обвинителството да не потпаѓаат под политички притисоци

    25.02.2026 во 08:28

    „Global Digital City 2026″ во Тетово – Поттикнување на вработувањето на младите

    25.02.2026 во 08:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Љутков во Кичево по изборот за Град на културата 2026
    • ДУИ за случајот со Груби: Судот и обвинителството да не потпаѓаат под политички притисоци
    • „Global Digital City 2026″ во Тетово – Поттикнување на вработувањето на младите
    • „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“
    • Апсење во Драчево
    • Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото
    • Евроамбасадорот Рокас во посета на Прилеп
    • Пет сведоци ќе раскажат за хоророт – Продолжува судењето за пожарот во „Пулс”
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Семејството на Теодора револтирано што Апелациониот суд во Гостивар ја потврди двегодишната затворска казна за возачот

    Семејството на Теодора револтирано што Апелациониот суд во Гостивар ја потврди двегодишната затворска казна за возачот

    23.09.2025 во 10:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Семејството на Теодора Ристовска со писмо до јавноста информираше дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврдил пресудата на Основниот суд во Тетово, со која обвинетиот Менсур Пајазити од село Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на две години затвор смртта на тогаш 22-годишната девојка во сообраќајна несреќа. Тие се револтирани од оваа пресуда на повисокиот суд.

    -Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши. Обвинетиот во жалбата се повикува на интересот на јавноста и на владејачката партија како фактор за „превисоката” казна, но тој интерес е многу природен — затоа што кога млад живот е згаснат, секој е потресен. Ако судството не беше труло и корумпирано, никому немаше да му пречи овој интерес. Наместо правда што ќе донесе мир, добиваме систем кој со својата блага и селективна казна создава уште поголема недоверба и омраза, велат Ристовски во писмото до јавноста.

    Семејството вели дека и покрај тоа што понатамошниот правен пат до Врховниот суд зависи од Јавното обвинителство, тие нема да молчат и ќе продолжат да бараат одговорност и преку јавноста да истакнуваат оваа неправда не смее да остане без последици.

    -Ние не бараме привилегии. Бараме човечност и фер однос — она што му припаѓа на секој граѓанин. Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем.  Го гледаме осудениот како слободно се движи, дури повторно седнува зад воланот, без видливо чувство на вина. За нас, тоа е брутална навреда за сеќавањето на Теодора и за секој кој знае што значи да изгубиш дете, сестра или најблиска личност. Трагедијата на Теодора ќе остане наша вечна болка. Но срамот на оваа пресуда му припаѓа на правосудниот систем. Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва. Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие- тоа е нашата вечна рана. И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами, пишуваат од семејството на Теодора Ристовска.

    На 7 април 2025 година на повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа,  обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, беше осуден на казна затвор од две години.

    Виновен е затоа што на 15.08.2022 година во Тетово, како учесник во сообраќајот не се придржувал до прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Управувал возило „БМВ“ и се движел по булевар, со брзина од 59 километри на час, која брзина не е прилагодена на условите на патот за да може навремено да го запре возилото, при што не му отстапил првенство на минување на пешакот сега покојната Теодора Ристовска која поминувала на обележан пешачки премин, гласи пресудата од април.

    По сообраќајната несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 по признавање на вина Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелацискиот суд ја намалил казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укинал двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење. 

    Популарно

    Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото

    25.02.2026 во 08:13

    Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста откако Груби доби куќен притвор, но тоа е одлука на Обвинителството

    24.02.2026 во 20:27

    Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

    24.02.2026 во 20:07

    Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

    25.02.2026 во 00:02

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.