Селмани: Заев избрза со понудата за широка влада

Поранешниот вицепремиер и министер за здравство, Имер Селмани смета дека премиерот Зоран Заев избрзал со понудата за широка влада.

Споре него, помирувањето, за што челел премиерот е тешко изводлива опција на Балканот.

-Премиерот избрза само после 2- 3 дена откако ја потврди довербата во Собранието да понуди широка влада, која ниту се сфати, ниту се прифати. Зошто така набрзина се случи една таква сериозна понуда.. Мислам дека изворот на понудата лежи во самата основа и голема желба на премиерот да има помирување во базата, која тој ја нарече едно општество за сите. За жал, тоа не наоѓа плодна почва на Балканот, кога имаме ваква поделба во општеството. Желбата за едно општество за сите премиерот ја даде недоволно обмислена, рече Селмани во гостувањето на ТВ 24.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега