Зимските олимписки игри во Милано и Кортина добија неочекуван пресврт за финската репрезентација во скијачки скокови. Главниот тренер, Словенецот Игор Медвед, е експресно дисквалификуван и испратен дома откако бил вклучен во инцидент поврзан со конзумирање алкохол, што се смета за грубо кршење на тимските вредности.
Финскиот олимписки комитет реагираше брзо, нагласувајќи дека нема да толерираат вакво однесување во елитниот спорт.
„Медвед веќе отпатува за Финска. Прекршувањето на правилата го сфаќаме многу сериозно. Нашата цел е спортистите да имаат мир за да можат да се фокусираат на натпреварите“, изјави Јане Ханинен, првиот човек на финскиот олимписки тим.

