Селани заедно се кладеа на тенџере и заедно добија џек пот: 165 луѓе во Белгија разбрале преку весник дека се добитници на многу пари

Група од 165 луѓе од едно белгиско село заеднички освоија повеќе од 143 милиони евра на лотаријата ЕуроМилионс. Жителите од Олмен, во провинцијата Антверпен, подеднакво плаќале во тенџере за да купат билети кај човекот што продавал весници во селото, пренесува Би-Би-Си.

Секој од селаните за себе освоил околу 868.000 евра, според Белгиската национална лотарија. За ждрепката која паднала во вторникот, имало повеќе од 27 милиони пријавени. Лотаријата  соопшти дека конечниот џекпот бил 142.897.164 евра.

Госпоѓата Џок Вермоер, портпаролка на Националната лотарија, рече дека групните успеси не се невообичаени во Белгија, но дека ова е најголемата групна добивка досега. Вермоер ја опиша победата како „најдобар божиќен подарок“.

За веста селаните разбрале преку весник.

– Нивните реакции се движеа од стоицизам до еуфорија – рече таа.

Сопственикот на продавачот на весници, кој организирал слични групни кладења веќе неколку години, изјави за Белгиското радио дека морал да ја повтори веста „пет до шест пати“ бидејќи селаните не можеле да веруваат дека победиле.

Идентитетот на победниците не е јавно откриен.

Џекпотот Еуромилионс се организира во девет европски земји: Белгија, Франција, Обединетото Кралство, Шпанија, Португалија, Ирска, Австрија, Швајцарија и во Луксембург.

Победничките броеви за овој вторник биле 12, 20, 25, 26 и 27, со среќни ѕвезди на осумка и 12-ка.

09.12.2022 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега