Секој петти граѓанин во Германија размислува да ја напушти земјата, покажува последната студија на Германскиот центар за истражување на интеграцијата и миграцијата. Анкетата е спроведена во периодот од 2024 до 2025 година со учество на 2.933 испитаници.
Резултатите покажуваат дека 21% од целокупното население размислува за емиграција, при што 34% од лицата со мигрантско потекло и 37% од нивните деца го имаат истото мислење. Меѓу граѓаните без мигрантско потекло, 17% изјавиле дека размислуваат да заминат.
Меѓу другите групи, 31% од испитаниците со потекло од поранешниот Советски Сојуз и 28% од оние од други земји на Европската Унија размислуваат за заминување од Германија. Најчесто наведуван мотив за тоа е желбата за „повисок квалитет на живот“.

