Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот

    28.10.2026 во 14:02

    Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети

    28.10.2026 во 14:00

    Липково: Полицајци го затекнале како купува дрога, по што го стартувал „бмв“-то, па од прозорец нападнал полициски службеник

    28.10.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети
    • Липково: Полицајци го затекнале како купува дрога, по што го стартувал „бмв“-то, па од прозорец нападнал полициски службеник
    • Мицкоски: Веднаш му се јавив на носителот на листата на студентите и му честитав – ние сме први соседи
    • Кривична пријава за син и мајка од радовишко: Примиле речиси 580 илјади евра од Германија и затаиле данок
    • Приведено уште едно лице за убиствата во Ѓорче Петров – Полицијата го објави идентитетот на осомничените
    • Мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром
    • Крива Паланка: 35-годишна жена тепала полицаец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сеќавање на 7.144 македонски Евреи: МНР го одбележа Меѓународниот ден на Холокаустот

    Сеќавање на 7.144 македонски Евреи: МНР го одбележа Меѓународниот ден на Холокаустот

    27.01.2026 во 15:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска на пригоден начин го одбележа 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот.

    На овој настан, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, имаше поздравно обраќање при што оддаде почит кон жртвите и денешните наследници на македонските Евреи кои во 1943 година биле присилно депортирани. Тој нагласи дека, како полноправна земја членка на ИХРА, македонската Влада останува цврсто посветена на борбата против антисемитизмот, искривувањето на историските факти и негирањето на Холокаустот. Изрази надеж дека преку доследна едукација на младите генерации за Холокаустот ќе можеме како цивилизација да спречиме антисемитски акти во сите нивни форми.

    Во рамки на настанот, обраќања имаа амбасадорката на Државата Израел, Вивиан Аисен, како и претседателот на македонската Еврејска заедница, Пепо Леви. Одбележувањето беше проследено со сведоштво за единствената преживеана Еврејка од Штип, Шела Алтараз. Ученици од Основното училиште „Димитар Влахов“ од Штип, изведоа краток сценски перформанс со наслов „Писмо од Треблинка“. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше отворена и изложба посветена на жртвите на Холокаустот, прикажана низ детска перспектива.

    Нашата држава е полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA). Во Скопје се наоѓа Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи, како еден од ретките вакви центри во светот. Евреите од тогашна Македонија, во ноќите на 11 март 1943 година, биле присилно собрани и депортирани во логорот Треблинка, во окупирана Полска, од каде што никогаш не се вратиле во своите домови во Штип, Битола и Скопје. Станува збор за 7.144 жртви. Активностите на државата се насочени кон почитување на историските факти и зачувување на колективното сеќавање на Холокаустот, со јасна и трајна порака: никогаш повеќе.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот

    28.10.2026 во 14:02

    Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети

    28.10.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.