Close Menu
Press24
    Најново

    Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници

    09.02.2026 во 18:07

    Паднаа тројца дилери – полицијата ги фати со дрога

    09.02.2026 во 18:05

    ВИДЕО: Летаат шамари и клоци – ученик се степа со наставник во Приштина

    09.02.2026 во 17:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
    • Паднаа тројца дилери – полицијата ги фати со дрога
    • ВИДЕО: Летаат шамари и клоци – ученик се степа со наставник во Приштина
    • ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата
    • Турција брои над 86,9 милиони жители: Истанбул останува најнаселен со речиси 16 милиони луѓе
    • Сали се сретна со Мејдани: Разговарале за односите меѓу Македонија и Албанија
    • ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
    • Трајков: Поддршката на жените е инвестиција во иднината
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници

    Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници

    09.02.2026 во 18:07
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници. Во услови на густ сообраќај и без посебни жолти ленти, автобусите тешко се движат низ градот, а камерите ги казнуваат дури и кога поради должината на возилото не успеваат навреме да поминат на зелено светло. Тоа ги чини 250 евра олеснување на паричникот, но и одземање на возачката дозвола.

    „Голем е сообраќајниот метеж. Имаме чекање многу, автобусите не може да стигнат од точка А до точка Б навремено. Посебно имаме пробелм на сообраќајниците каде што, кога имате знаете, сообраќаен метеж, семафорот трепка зелено неколку секунди, автобусот е долг тој додека да помине има проблем – камерата ќе го слика и автоматски изрекуваа казни од 250 евра“, Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници во Град Скопје.

    Предупредуваат дека ако повеќе возачи добијат ваква казна во рок од една седмица, ќе следува колапс на автобускиот јавен превоз.

    „Замислете 10, 20 возачи да добијат таква казна и таква забрана, ние ќе бидеме принудени да ги паркираме автобусите. Затоа што ќе немаме замена, ќе немаме кој да ги вози автобусите“, додава Зафировски.

    Од почетокот на февруари од кај нив само еден возач заработил казна. Од надлежните бараат автобусите да се вметнат во посебна категорија, каде ќе имаат посебен траг на толеранција. Дополнително, како решение нудат и нивниот GPS да се поврзе со семафорите, за да бидат дел од смарт зелениот бран. Со ова, автобусите значително брзо ќе циркулираат низ скопските улици.

    Градските власти одлучија секој возач на ЈСП на кој ќе му стигне казна дека прекршил некое сообраќајно правило – сам да си ја плати истата. Ова предизвика револт кај дел од вработените. Возачите кои инсистираа на анонимност велат дека овие казни претставуваат голем финансиски товар и на онака ниските плати кои ги земаат. Бараат надлежните да изнајдат друго решение.

    Ние прашавме во ЈСП колку возачи заработиле казни, но одговор не добивме.

    Популарно

    Ќе нема струја до 14:30 часот – ЕВН најави исклучувања во повеќе општини

    09.02.2026 во 09:35

    Драма на Попова Шапка: Ученици на екскурзија се обиделе да го ограбат манастирот „Св. Наум“

    09.02.2026 во 10:33

    Клучен момент во судењето за „Онкологија“: Словенечки експерти ќе ги соочат онколозите со докази

    09.02.2026 во 09:15

    Кривична пријава за охридски бизнисмен: Починатиот снимател Кристијан Љушев не бил осигуран ниту обучен за безбедна работа

    09.02.2026 во 12:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.