Седум реченици со кои може да смирите расплакано дете

На секој родител најтешко му е да остане присебен во моменти кога детето неутешно плаче, особено ако тоа е за секоја ситница.

Од моментот кога ќе сфатите дека вашите закани и викотници само ќе ја влошат ситуацијата, се обидувате да најдете начин како а го смирите детето и утешите. Секое занемарување на детските емоции, па дури и ако се изразени по правење „глупости“, ја отежнува ситуацијата.

Сепак, плачењето е начин на изразување емоции и не треба да го потиснувате, но има некои работи што треба да му ги кажете на детето.

Во повеќето случаи не треба ништо посебно да кажете или направите, доволно е само да бидете присутни и да го прегрнете детето. Исто така, не му велете да не плаче, наместо тоа дајте му го до знаење ова:

1. Во ред е да бидеш тажен.

2. Гледам дека ти е многу тешко.

3. Тука сум за тебе.

4. Те слушам.

5. Можеш да ми кажеш што те растажи.

6. Можеби можам да ти помогнам тоа да го решиш.

7. Ми се чини дека ти треба малку простор, ќе бидам тука ако ти требам.

Никогаш немојте да го казнувате или срамите детето кое покажува емоции, тоа може да остави длабоки последици на неговиот емоционален развој. Немојте да ги намалувате неговите чувства со реченици како „нема причина да плачеш или плачеш како мало бебе“.

Додека детето плаче тоа не е спремно за комуникација, почекајте да се смири и обидете се со мирен тон да разговарате со него и да дознаете во што е проблемот.

извор: kajgana.com

16.09.2022 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега