Голема трагедија го потресе Солун откако седум поддржувачи на фудбалскиот клуб ПАОК го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа кај градот Темишвар, Романија. Според информациите од романските медиуми, несреќата се случила на автопат при обид за претекнување.

Минибусот во кој патувале навивачите се судрил директно со камион кој доаѓал од спротивната насока. Од силината на ударот, возилото излетало од патот. На местото на настанот починале седум лица, додека тројца патници со тешки повреди се пренесени во болница.

Групата навивачи патувала кон Франција, каде в четврток ПАОК треба да го одигра натпреварот против Лион. Романските медиуми веќе објавија и видео од моментот на судирот, кое ја потврдува големата брзина и силината на директниот удар.арот, кое ја потврдува силината на судирот и големата брзина со која се движел минибусот.

Exit mobile version