Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Според информациите, сите патни правци се проодни. Сепак, на делниците што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на помали одрони.

Од ЈП „Македонија пат“ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

Дежурните служби на претпријатието се постојано на терен и работат на одржување на проодноста на сите патни правци.

Exit mobile version