Вистинска драма се случила вчера претпладне на регионалниот пат Желино-Тетово, каде во тешка сообраќајна несреќа повредени се вкупно седум лица, меѓу кои и две малолетни деца.

Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила во 10:35 часот помеѓу „БМВ“ со италијански таблички управувано од Љ.П. (44) и „Фолксваген Голф“ со тетовски ознаки, управуван од Х.Љ. (40). Од силината на ударот, возилата удриле и во паркиран „Јагуар“.

Најтешко поминал возачот на „БМВ“-то, кој се здобил со тешки телесни повреди. Со повреди се здобиле и неговиот сопатник (20), како и возачот на „Голфот“ и неговите четворица сопатници – две возрасни лица и две деца на возраст од пет и шест години. Сите се згрижени во Клиничката болница Тетово.

Exit mobile version