„Сеат ибица“ излета од патот - хоспитализирани се двајца млади


На 12.05.2022 во 09.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Младо Нагоричане-Граничен премин Пелинце во атар на с.Младо Нагоричане патничко моторно возило “сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.М.(20) с.Младо Нагоричане, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(19) од с.Младо Нагоричане констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

13.05.2022 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега