Се затвора модуларната ковид-болница во Гостивар
Гостиварската модуларна ковид-болница наскоро ќе биде затворена, поради тоа што од неа во моментов нема потреба, пишува порталот Гостивар прес.
-Во модуларната болница моментално се хоспитализирани тројца пациенти со ковид, кои најверојатно ќе бидат отпуштени дома неделава, а објектот привремено ќе се затвори. Состојбата со коронавирусот бележи стабилизација и имаме доволно капацитети за болничко лекување и без модуларната болница, вели д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.
15.09.2021 - 23:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа