На 05.01.2026 година во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар.
Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.

