Се запали „југо“ на Партизанска

 

МВР соопшти дека синоќа во 23:45 во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Соборен Храм на бул.„Партизански Одреди“ настанал пожар при што било опожарено паркирано патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 84-годишниот Б.А. од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа на СВР Скопје во текот на денешниот ден, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега