На 19.09.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово, Скопско, настанал пожар на патничко возило „цитроен пикасо“ во движење, а лицето што претходно го управувало, заминало од местото на настанот. Повредени лица нема.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.