На 19.09.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово, Скопско, настанал пожар на патничко возило „цитроен пикасо“ во движење, а лицето што претходно го управувало, заминало од местото на настанот. Повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version