Авионот Ербас А320 на LATAM предизвика паника на пистата откако веднаш по слетувањето кабината ненадејно се исполнила со густ чад, а патниците низ прозорците виделе пламен под крилата, пренесуваат медиумите.
Екипажот веднаш наредил итна евакуација на сите 180 патници. Луѓето се лизгаа по надуените рампи и во паника трчаа по пистата. На видеоснимките што се шират на интернет се гледа како авионот гори, додека исплашени патници врескаат и се обидуваат да се оддалечат од пламените.
Итните служби реагирале веднаш и, за среќа, никој не е повреден. Сепак, ситуацијата била крајно опасна – пожар во целосно натоварен патнички авион често завршува со трагични последици. Брзата и прецизна реакција на екипажот го спречила најлошото.
Причината за пожарот сè уште не е позната, а истрагата продолжува.

