Вчера во 17:25 часот во с.Пепелиште, неготинско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии го лишија од слобода О.П.(51) од с.Пепелиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од КЗ.
Полициските службеници запреле патничко возило „ровер фрилендер” со велешки регистарски ознаки, кое О.П го управувал и при извршен преглед, во возилото биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал соодветна документација.
Тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Актуелно
- Скопјанка се јавила во полиција: Деверот ме претепа
- Обвинителството во Зајечар не се откажува: Повторно покренато обвинение за убиството на Данка Илиќ
- Трамп: Веројатно ќе одам во рајот
- Јаневска до Ромите кои протестираат: Основното образование е доволно за возачка
- Среде ноќ избувна пожар во продажен објект во Куманово – интервенирале пет пожарникари
- Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните доколку направат прекршок
- Мицкоски: Оваа година нема да има избори
- „Не се сеќавам дали ја убив мајка ми“: Заврши судењето за убиството во Штип, Зарков чека пресуда

