Се уште постојат хумани луѓе: Самохрана мајка на четири деца доби куќа од анонимен донатор во Кичево

Самохрана мајка на четири малолетни деца доби куќа во Кичево, благодарение на анонимен донатор. Куќата има површина од 65 квадратни метри и дворно место од 200 квадратни метри.

Хуманитарната организација „Класје на добрината“, огранок во Кичево, информира дека се работи за семејство во неволја, кое било без сопствена куќа. Идентитетот не сакаа да го објават со цел, како што велат, да ги почитуваат принципите на хуманизмот.

– Оваа куќа, нашата организација ја обезбеди благодарение на поддршката и финансискиот придонес на еден наш сонародник од Кичево, кој живее и работи во Швајцарија. Тој ја купи оваа куќа со намера да ја донира од кога дозна за маките на оваа семејство. Целата процедура одеше преку нашата организација, затоа ние во име на организацијата се заблагодаруваме на донаторот што сака да остане анонимен. Му се молиме на Бога да го заштити него и неговото семејство и да ги награди, објави канцеларијата за односи со јавност при огранокот на Хуманитарната организација „Класје на добрината“ во Кичево

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега