Се уште нема извештај како починала 41-годишната пациентка во Штипската болница

Директорот на Штипската болница, Ален Георгиев, вели дека за случајот со починатата 41-годишна пациентка одговорите треба да се бараат во Санитарниот здравствен инспекторат, и повикува да престанат нападите кои тои ги нарече харанга врз здравствените работници, бидејќи тие прават се што можат, пренесува „А1ОН“.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат од Штип минатата недела изврши вонреден инспекциски надзор во болницата за утврдување на фактичката состојба за лекувањето на пациентката почината од Ковид-19, чија ќерка на социјалните мрежи објави дека пред смртта молела за боца со кислород која не ја добила.

„Знаете, ситуацијата е тешка, и овие масовни напади на здравствените работници за целата ситуација, сакам да апелирам тоа да престане.
Секој еден здравствен работник си ја врши работата како што знае и умее. Секој оној кој што мисли дека некаде е погрешено има инстиуции кои тоа соодветно би го решиле“, рече директорот Георгиев.

Тој ова го изјави на денешната прес конференција, на која присутна беше и германската амбасадорка Анке Холштајн која ја предаде донацијата амбулантно возило за штипската болница.

„Германија досега го поддржа регионот со 15 милиони евра, освен тоа ЕУ помага со 3,3 милијадри евра, во кои Германија учествува со скоро една третина. Вкупната вредност на оваа донација е 38 илјади евра“, рече германската амбасадорка.

Директорот Георгиев вели дека во моментов во Клиничката болница Штип има околу 24 пациенти од Ковид-19 кои се во критична состојба.

Освен ова возило, болницата располага со уште две комплетно опремени и три возила кои се опремени, но не комплетно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега