Се уште има чад од опожарената зграда во Тетово

 

Се уште има чад од опожарената зграда на „Македонија табак“ во Тетово. Пожарникарите и денес работат на целосно изгаснување и ликвидирање на пожарот.  Чадот е причина и понатаму во Тетово да се чуствува непријатна миризба, која ги тера граѓаните на кашлање и гадење.

Од утринава и раните после пладневни часови се уште може да се забележи малку чад од опожарената зграда на поранешната фабрика „Македонија Табак“, каде сега стопанисува приватната фирма „Пофикс“. Поради чадот и понатаму во Тетово се чувствува непријатна миризба.

Докторот Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје Тетово препорача внимателност и да не се останува надвор без потреба.

Параметрите што се достапни се мирни, меѓутоа се уште има непријатен мирис, надразнувачки, кој предизвикува кашлање, иритација на очите, и самиот тој мирс е загрозување на јавното здравје. Вчерашните наши препораки беа да не се престојува на отворен простор и ако се престојува да се користи Н95 заштитна маска. Исто така, препораките беа малите деца, хроничните болни и постарите луѓе без потреба да не излегуваат на отворен простор, изјави Давидовски.

Според него има и објаснување за појавата на таков мирис поради што може да има загрозување на јавното здравје.

епријатната миризба во воздухот, зборувам во мое лично име, ме потсетува на емисии од топилиница. Моја претпоставка е дека таму има никел на кровната конструкција, гореше никел, пластика, не зборуваме за стиропорот туку за  кровната конструкција, мирисот ме потсетува на мирис на заварување, а при заварувањето настанува  баш оној карактеристичен мирис поради никелот. Најверојатно настанало хемиска реакција меѓу никелот и јаглерод моноксидот потоа се создаваат оксиди кои даваат ваков карактеристичен мирис. Напоменувам дека тоа е моја претпоставка, изјави Давидовски.

Според него во случај да има барем малку ветер во Тетово непријатната миризба ќе исчезне.

31.05.2022 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега