Се урна авион во Јужна Кореја: Екипажот се уште е исчезнат
Патролен авион на јужнокорејската морнарица се урна на југот од земјата, соопштија властите.
Јужнокорејската морнарица потврди дека патролен авион П-3 со четири члена на екипажот се урна во планина во југоисточниот град Поханг. Воениот авион се урна во 13:52 часот по локално време, објави новинската агенција JNAP.
Сведоци изјавија дека виделе чад како се издига од планината. Спасувачи и противпожарни возила беа испратени на местото на настанот откако добија извештаи од локалните жители дека се урна неидентификуван летачки објект и дека се случила експлозија, соопштија службите за итни случаи, пренесува АП.
Полициската станица Намбу во Поханг соопшти дека патролен авион на морнарицата бил вклучен во несреќата, но не можеше веднаш да потврди дали имало смртни случаи или повредени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа