Се урива дивоизграден објект на Нефи Усеини во Охрид
Започна да се урива бетонската база на охридскиот бизнисмен и советник од ДУИ од Охрид, Нефи Усеини.
Базата Усени ја направи во јуни минатата година, а за неа, нема ниту еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина, па така, објектот е еден од оние кои го загрозува статусот УНЕСКО на Охрид.
Рушењето го прават работници и механизација. Од Општина Охрид засега нема одговор дали тие ги ангажирале механизацијата и работниците на терен.
Нефи Усеини е советник во Советот на Општина Охрид, член на ДУИ и бизнисмен поврзан со дивоградбите во Охрид. Охридското oбвинителство против води две постапки за напад на службени лица, но никој не го гони за неговите дивоградби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа