Се тресело се до Италија и Австрија: Земјотресот во Хрватска ја прекина седицата во Словенија- паника во целиот регион

 

 

 Страшниот земјотрес што ја погоди Хрватска го стресе целиот регион, а се тресеше дури и во Австрија и Италија.

Панорамската камера на локалната телевизија во Сански Мост го сними моментот кога уди земјотресот.

Поради земјотресот беше прекината прес-конференцијата во Бања Лука на градоначалникот Драшко Станивуковиќ.

„Луѓе, ова е земјотрес и сериозен земјотрес“, рече Станивуковиќ, по што сите присутни ја напуштија конференцијата.

Паника се створи и во Приједор, имајќи предвид дека земјотресот беше многу силен, па граѓаните бегаа, подалеку од затворени простори и опасни места.

Тие наведуваат дека има материјална штета, а  снимен е и моментот на земјотресот во супермаркетот, каде може да се види дека многу работи паднале од полиците.

Силен земјотрес, кој ја погоди Хрватска денес и се почувствува во соседните земји, денеска ја прекина седницата на словенечкиот парламент.

Земјотресот се почувствува во Австрија, за што сведочат и снимките на социјалните мрежи.

Италијанските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во нивната земја, долж јадранскиот брег.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега