Се судриле камион и автомобил- повредени две лица и префрлени во штипската болница
Повредени две лица во сообраќајка во Штип, откако се судриле патничко и товарно возило.
-На 13.01.2021 во 10.15 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев” со ул.„Борис Кидрич“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(44) од с.Ерџелија и товарно возило „сканиа“ со приколка, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(58) од Штип- информираат од полиција.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило Д.Е.(44), а возачот Ј.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа