Се судриле автомобил и мотор- едно лице пренесено во болница во Неготино

 

Мотоциклист бил повреден во Неготино откако се судриле со автомобил, по што бил пренесен во болница.

„На 05.07.2020 во 16.15 часот било пријавено дека во Неготино, на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(74) од Неготино и мотоцикл „хамачи“, со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(33) од Неготино.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоцилкистот, констатирани во болницата во Кавадарци, каде бил пренесен за укажување на лекарска  помош“ соопштуваат од полиција.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега