Се судрија два автомобили на раскрсница во Скопје- три лица повредени

Синоќа во 20,15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.“Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.“Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(32) од  Демир Хисар, и  патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Е.(20) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Е., а со телесни повреди се здобиле сопатничката од истото возило Љ.Е.(45) и возачот И.К. констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега