Се судрија два автомобили кај „Гоце Делчев“: 61-годишна жена заврши в болница

На 02.06.2023 во 11.35 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Гоце Делчев“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од И.К.(42) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „опел корса“, управувано од Т.С.(62), двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата сопатничката во возилото „опел“, Т.С.(61) од Прилеп, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп. 

03.06.2023 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега