Се скарал со соседот па пукал од автоматско оружје- Триесетдневен притвор за 24-годишник од Челопек

Судија во претходна постапка во тетовскиот суд попладнево определи мерка притвор од 30 денови за 24 годишниот М.М кој вчера беше приведен откако пукал во воздух од автоматско оружје по расправија со сосед на 47 години. Тој вечерва ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Скопје.

-До Обвинителсвото е поднесена и кривична пријава за две кривични дела-недозволно изработување, држење или тргување со оружје и распрскувачки материи согласно член 396 и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори според член 214 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.

Вчера околу 18.00 часот во Челопек, полицајци го уапсија М.М.(24) бидејќи по пријавата за пукање при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихуана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега