Денес времето ќе биде променливо облачно, а во утринските и претпладневните часови во западните делови од земјата се очекува слаб локален дожд.
Во попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 1 до 6 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу 11 и 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а претпладне во одделни делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови се очекува период на претежно стабилно време. Утрите ќе бидат посвежи, додека преку ден ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.


