Се продаваат во продавници скопски Чаир: Купете си НМК налепници за 50 денари

Неколку продавници кои продаваат авто делови во скопската населба Чаир веќе продаваат и налепници со кодот НМК. Според информациите кои ги добивме од наши читатели, налепницата можете да ја купите за сума од 50 денари, за која ќе добиете две лепенки за предната и задната регистарска табличка.
Доколку не Ви се плаќа, тогаш можете да земете налепница и во центрите за технички преглед на автомобили, а за разлика од вчера, денеска можете да покажете сообраќајна ндозвола и од друго возило и за него исто така ќе добиете налепници кои можете и сами да ги залепите.
Од утрово, на некои гранични премини, а на сите кон Грција не можете да влезете ако на табличката немате код НМК


 

13.02.2024 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега