Се погласни обвинувањата дека Кока е „мала риба" во големата афера во која се вклучени и други фукционери
Во Албанија не стивнуваат реакциите по вчерашното апсење на поранешниот министер за животна средина, Лефтер Кока, под обвинение за злоупотреба на службената положба, корупција и перење пари, во случајот со изборот на фирми за горење отпад, во Елбасан, во Фиер и во Тирана.
По лидерот на опозициската Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша, партија што ја предводеше обединетата опозиција, кога, во февруари 2018 година, пријавата беше доставена до Специјалното јавно обвинителство, СПАК, додавајќи дека зад Кока стојат други „поголеми риби", се огласи и Моника Круемади, лидерка на третата по големина партија во земјата, опозициското Движење за социјалстичка интеграција (ЛСИ).
Таа објавува „досиеја" наведувајќи дека „има уште многу други, од левицата и десницата и на сите треба им се суди".
– Ова се досиејата со сите докази, што ги доставивме до СПАК, кои потврдуваат дека има уште многу кои треба да бидат уапсени и да им се суди. Има уште многу други, од левицата и десницата. На сите треба им се суди, пред неоспорни докази, напиша Круемади, постирајќи фотографии од досиејата.
И познатата албанска новинарка, позната по откривањето на многу афери, Клодијана Лала, изјави дека и други високи функционери, во рангот на министри и пратеници се очекува да бидат уапсени од СПАК.
– Лефтер Кока не е големата риба, туку е само дел од една многу голема афера. Тој беше министер за животна средина, како орган, кој ги потпишуваше договорите за концесија, но сумите на пари, врските на бизнисмените со функционерите, сето тоа е една голема афера, во која се вмешани високи функционери, министри, пратеници. Ова е чин за што СПАК треба да се пофали, но ако остане на ова ниво, тоа е половичен удар, рече Лала.
Реагираше и амерканската амбасадорка Јури Ким, која на Твитер напиша дека „постапките на СПАК, посебно оваа недела, покажуваат дека никој не е над законот" и оти реформата во правосудството даваат конкретни резултати
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа