Се омажи за бизнисмен, па ја снема од земјава - сопругот на македонската пејачка донираше пари за изградба на парк во Кавадарци

 

Македонската пејачка Јасмина Мукаетова уште на почетокот на својата кариера ги свои симпатиите на публиката и веднаш се здоби со огромна популарност.

И токму кога сите мислевме дека ќе почне да ја шири својата музика и надвор од границите на Македонија, таа се повлече.

Но, за тоа имаше добра причина.

Јасмина се омажи за кавадарчанец, бизнисменот Трајче Ристов со кој долги години живеат во Њу Џерси. Плод на нивната љубов се нивните два сина.

Освен што се успешни во својата работа, тие се и хумани.

Ристов кој во Кавадарци е познат како Зуко, донирал средства за изградба на новиот зелен парк во Кавадарци.

Градоначалникот Митко Јанчев за ,,Фокус” ја потврди веста за донацијата за изградбата на паркот. Вели дека Ристов донирал 2.500.000 денари, а пак ,,Кожувчанка” учествува со 1.100.000 денари.

-Новиот парк се гради во склоп на споменикот Киро Крстев и ќе претставува модерна зелена површина со повеќе содржини. Нашиот сограѓанин Трајче Ристов, кој долги години со семејството живее во Америка, даде свој придонес, со цел за убаво Кавадарци – појасни Јанчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега