Close Menu
Press24
    Најново

    Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле

    11.03.2026 во 23:44

    Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација

    11.03.2026 во 23:22

    Георгина се спакува и го напушти семејниот дом

    11.03.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле
    • Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација
    • Георгина се спакува и го напушти семејниот дом
    • Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце
    • ДУИ: Итна оставка од Костадиновски
    • ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра
    • Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните
    • Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се очекува зголемување на водостоите на реките, ама засега состојбата е стабилна

    Се очекува зголемување на водостоите на реките, ама засега состојбата е стабилна

    26.11.2025 во 15:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во моментов состојбата со врнежите од дожд кои ја зафатија државата е стабилна. Согласно информациите од УХМР, се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, во сливот на реката Треска, реката Радика, реката Сатеска, во сливот на реката Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во сливот на реките Пчиња и Струмица.
    Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можна нивна интеракција со површинските води и појава на заезерување.

    Апелираме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.
    Центарот за управување со кризи побара од единиците на локалната самоуправа да ги задолжат јавните претпријатија да ги проверат сите критични локации на кои е можно излевање или поплавување на реките, по најавите за нови врнежи од дожд и снег.

    Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во следните денови, и тоа само доколку е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема, особено на повисоките места и планинските превои. Можно е да се формираат навеви од снег и одредени патни правци во одредени периоди да бидат непроодни.
    Потсетуваме дека лицата кои живеат на повисоки места треба навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови).

    Во случај на опасност или потреба, граѓаните може да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици – 112 во ЦУК.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце

    11.03.2026 во 22:51

    Случај „Онкологија“: Вештак открива хаос – за 50 пациенти воопшто нема медицинска документација

    11.03.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.