Се нижат оставки на директори: „Не можам успешно да менаџирам поради амбиентот во Град Скопје“

По девет месеци раководење со „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски поднесе оставка на функцијата директор на јавното претпријатие.

„Ценам дека новиот политички амбиент во Град Скопје нема да ми дозволи максимално да се фокусирам на најважното, а тоа е успешно менаџирање на претпријатието. Токму поради тоа, се повлекувам од должноста в.д. директор. Зад себе оставам и добиени налози за работа од кои очекувам дека на претпријатието ќе му гарантираат сигурни приливи на средства“, објави Сотировски на социјалните мрежи.

Сотировски на функцијата дојде од Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), која е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата оставка се случува откако тоа го сторија директорите што Арсовска ги назначи на функција, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ. На функција останаа само директорот на ЈСП „Скопје“, Александар Стојковски, и директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева.

21.09.2022 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега