Со солзи во очите и треперлив глас, Љубица, мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска во судницата ја отвори душата за пеколот низ кој поминувала нејзината ќерка. Таа раскажа дека Ивана со години го криела насилството со зборовите „ќе биде добро, мамо“, додека на нејзиното тело постојано се гледале модринки.
Најшокантниот дел од сведочењето беше описот на настанот од 2021 година, кога зетот ја повикал по полноќ со највулгарни навреди за нејзината ќерка.
„Ја затекнав Ивана како ја гушка малата Катја, а тој беше агресивен. Пред мене тргна да ја удpи, јас застанав помеѓу нив. Ивана само повторуваше: ‘Сè нека земе, и стан и сè, само ќерката нека ми ја остави’“, сведочеше мајката пред судот.
Таа откри и дека непосредно пред трагедијата, Ивана се тресела од страв кога мајка ѝ и донела храна, молејќи ја веднаш да замине за Стојанче да не и направи нешто.


