По повод една година од трагичниот пожар во кочанската дискотека, в сабота (14 март) во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција на која ќе учествуваат медицински експерти од 37 држави. Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска најави дека целта на овој собир е анализа на институционалниот одговор и долгорочната рехабилитација на настраданите.

На конференцијата ќе присуствуваат доктори од Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, но и од Австрија, Шведска и Полска – земји кои ги отворија своите клиники за лекување на најтешко повредените. „Државата останува доследна на ветувањето дека поддршката за жртвите и нивните семејства нема да биде еднократна, туку системска“, порача Митева.

Exit mobile version