Се намалува бројот на новозаболени од Ковид-19 во тетовско, но останува неговата широка трансмисија

 

Иако деновиве во тетовско бројот на заболени од Ковид-19 се намалува, коронавирусот веќе подолг период го има не само во кластери, туку има и негова широко распространета трансмисија, потенцираат од Центарот за јавно здравје во Тетово.

Само пет нови случаи се регистрирани денеска од кои два во рамки на општина Тетово и по еден во општините Теарце, Желино и Брвеница.  Вчера имаше шест нови случаи. Минатиот петок (10 јули) од 205 нови случаи низ државата во тетовско имаше 13. Споредено со пред еден месец, на 17 јуни во тетовско имаше 19 новозаболени од Ковид.

-Вкупно дијагностицирани во тетовско се 900 лица, од кои активни во моментот се 291, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Задолжителната уредба на Владата во насока на превенција од коронавирусот со носење на заштитни маски сепак не се почитува доследно со оглед на секојдневните казни кои ги дава полицијата.

-Во текот на изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 28 лица во тетовско им се изготвени прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба, информираат од СВР Тетово.

Во овој период на 30 лицa изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 526 со такви решенија, при што не биле констатирани неправилности. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2020 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега