Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез кој ќе биде целосно имплементиран до април идната година.
Системот треба да го замени класичното ставање на печати во пасошите со електронска евиденција на биометриските податоци заедно со точните времиња на влез и излез.
Системот се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат без виза за краток престој до 90 дена во 6 месеци. Тоа значи дека секој што ќе влезе во некоја од земјите членки на Европската Унија по 12 октомври ќе подлежи на процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот.
За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации. Откако ќе се регистрирате, при следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.
Во периодот од октомври до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април идната година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.
Актуелно
- Најмалку 67 жртви во катастрофалниот пожар во трговски центар во Карачи
- Возете внимателно на снегот: Сите државни патишта се проодни
- Маск предупредува: Вештачката интелигенција може да го надмине човештвото до 2031 година
- Мицкоски од Давос, лобира за стратешки енергетски проекти: „Бошков мост“, „Чебрен и Галиште“
- ФОТО: Ова е логото на Одборот за мир на Трамп
- (ВИДЕО) Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации: Во фокус ВИ
- АВМУ изразува сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на СДСМ кон медиуми и новинари
- Макрон му даде ладен туш на Трамп – не се приклучува на Одборот за мир

