Франција засега нема да се приклучи на Одборот за мир што го формираше американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот статут не е во согласност со резолуциите и Повелбата на Обединетите нации, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот Паскал Конфавро истакна дека Одборот не ја следи првичната мисија за решавање на конфликтот во Газа, кој воопшто не е споменат во документот. Тој додаде дека одредени елементи од статутот на советот се во спротивност со меѓународното право.

Белата куќа претходно соопшти дека, покрај САД, во Одборот веќе учествуваат земји како Бугарија, Турција, Саудиска Арабија, Египет, Аргентина, Казахстан и Косово.

Exit mobile version